Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот ФБ профил објави дека две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.
Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, пишува Спасовски на ФБ.
Оваа тема стана актуелна по приказната на 28 годишната Ана која вели дека го пријавила случајот во полиција заедно со објавата и сите оние податоци од пораките и повиците кои ги добивала, но за жал полицијата не изреагирала никако по случајот, затоа што таа била полнолетна и законот не нудел никаква заштита по ова прашање.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм, од каде е земена нејзината фотографија од плажа направена на одмор, објави видео за поддршка на сите останати девојки кои се нашле во иста ситуација како неа, велејќи дека не треба да се срамат затоа што тоа не е нивна грешка и дека оние кои објавуваат и се јавуваат треба да бидат казнети.