Слушајте ја својата интуиција, време е за нова врска – Дневен хороскоп за 29.12.2018

ИЗВОРСкопје24
|

ОВЕН – Работа: Само продолжете да се трудите со работата и успехот е неизбежен. Љубов: Постои можност ситуацијата во која сте со саканата личност да не ве прави среќни. Здравје: Имате пад на имунитетот.

БИК – Работа: Искористете ја својата шанса да докажете способност и амбиција на работното поле. Наскоро ќе имате големи промени. Љубов: Ве очекува интересен флерт со новиот познаник кој ќе ви покаже интерес. Здравје: Болки во нозете.

БЛИЗНАЦИ – Работа: Работете на тоа да ги остварите своите цели за да можете да остварите напредок во работата. Љубов: Доколку сакате промени, потребно е да го менувате и ставот кој го покажувате во комуникацијата со личноста во спротивниот пол. Здравје: Срцеви проблеми.

РАК – Работа: Можно е да се прашувате кој треба да биде вашиот следен потег на работното поле. Љубов: Ќе успеете да освоите личност која ја сакате за себе веќе некое време. Пред вас е многу поволен период за почеток на нова врска. Здравје: Кашлица.

ЛАВ – Работа: Доколку се пред вас нови одлуки на полето работа, ќе биде многу важно да добро ги разгледатите сите факти. Љубов: Ве очекува можност за нова љубовна врска која би траела долго во иднината. Здравје: Проблеми со притисокот.

ДЕВИЦА – Работа: Можете да очекувате потполна стабилност кога е во прашање работата. Не треба да има проблеми денеска. Љубов: Доколку сте слободни, тогаш ве очекува голема шанса за ново познанство. Здравје: Водете сметка околу исхраната.

ВАГА – Работа: Можно е потпишување на договор кој за работата би можел да ви биде од големо значење. – Љубов: Сакате да направите промена во ова поле. Со саканата личност постојат некои работи кои треба да ги разграничите. – Здравје: Избегнувајте цигари.

ШКОРПИЈА – Работа: Финансиската ситуација може да биде многу подобра доколку се потрудите да дадете се од себе на работното место. Љубов: Сакате да ги покажете емоциите кон личноста која ви значи. Здравје: Диета нема да ви дојде лошо.

СТРЕЛЕЦ – Работа: Пробајте да се држите до рутината на работа и не влегувајте во преголеми ризици денеска. Љубов: Имате впечаток дека партнерот поинаку се однесува кон вас и дека на некој начин не е искрен. Здравје: Депресија.

ЈАРЕЦ – Работа: Слушајте ја својата интуиција и нема да погрешите. Важно е да бидете посветени на својата работа на вистинскиот начин. Љубов: Не е поволен денот за почеток на нова врска. Можно е некоја личност погрешно да сте ја процениле. Здравје: Проблеми со нервниот ситем.

ВОДОЛИЈА – Работа: Можно е да се трудите да остварите напредок, но тоа едноставно не ви поаѓа од рака. Љубов: Се појавува се поголема дистанца меѓу вас и саканата личност и подготвени сте да размислувате околу прекин. Здравје: Ќе ви годи масажа.

РИБИ – Работа: Не е поволен ден за почнување на нова работа. Можно е да имате некои нови компликации на ова поле. Љубов: Ви се отвора можност за нова врска со стариот партнер. Здравје: Избегнувајте алкохол.