Снег буквално ќе ја затрупа Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Циклон кој носи снежни наноси се очекува во текот на утрешниот ден да надвисне над Македонија. Температурите во длабок минус а снегот ќе ја преплави државава, кој и онака освен во Скопскиот регион целата е покриена со снежна обвивка. Следниве неколку слики се од најавите за Скопскиот регион, каде вкупно би требало да наврнат 10-15cm.

Управата за хидрометеоролошки работи за оваа недела најави студено време со многу ниски температури во утринските часови. Минус 21 степен се измерени утринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица. Како што соопшти УХМР, најстудено оваа недела е утрово кога речиси во целата земја температурата достигнува минус 10 степени, а на повеќе места и под минусните 15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат од утре во текот на денот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Еве најави за повеќе градови од Македонија во врска со снежните наноси кои се очекуваат: