До крајот на денов и вечерва особено во источната половина од државава ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Во крајните југоисточни предели ќе има врнежи од дожд или од дожд и од снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец, додек температурите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 3 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за слабо проврнување на дожд и на снег. Температурита ќе се искачи до околу 3 степени.
Потоа како што претходно кажавме, во текот на следните денови под влијание на студена воздушна маса која се спушта од север, времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта до околу -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki