Снег наскоро-Поларен бран доаѓа кон Македонија

ИЗВОРНов Лист
|

Доколку метеоролошките модели не се променат, викендов не очекува снежен бран.
Се работи за поларен бран кој директно се спушта од Арктикот, како овој поларен воздух за време на викендот ќе се спушта кон нашите краишта, така ќе дојде и до формирање на циклонска активност која ако не се променат метеоролошките модели, ќе услови врнежи од снег во Македонија, како на повисоките, така и на пониските места.

Освен во Македонија снег ќе паѓа и ширум Балканот.

Температурите на воздухот ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде невообичаено студено.