Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Слаб снег провејува на Плетвар, Ѓавато, Буково, и Стража но во мометов не се здржува на коловозот.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Позастапени врнежите ќе бидат во југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од два до 10 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до осум степени.
Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела на места ќе го надминат 20-тиот степен.