Снимка од моментот кога возилото со 17 мигранти удири во семафор

|

На социјалните мрежи се појави снимка од моментот кога возачот во Струмица, превезувајќи 17 мигранти удри во семафор и избега од местото на настанот.

Во моментот на несреќата во возилото покрај мигрантите од Сирија, присутен бил и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.