|
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
На 08.12.2021 при контрола во казино во Тетово бил затекнат И.К. кој не поседувал сертификат за имунизација, а на вработените од казиното при влез им покажал сертификат за имунизација кој не бил со негови податоци.