Со неговиот син одела во градинка, а сега му е маќеа: Таа е 45 години помлада од својот сопруг, ова е нивната приказна

ИЗВОРСкопје24
|

Двајцата се запознале пред четири години, кога Стефани почнала да работи во омиленото кафуле на Дон.

Брачниот пар со разлика од дури 45 години, открил дека биле поврзани и пред некој да замисли дека двајцата ќе завршат во брак.

24-годишната Стефани и нејзиниот сопруг Дон Валпер од Канада, кои се родители на 1-годишно дете, се шокирале кога откриле дека можеби се запознале многу порано пред да завршат заедно.

Имено, 24-годишната жена одела во градинка и училиште со синот од првиот брак на сопругот. Дон за нив и зборувал кога биле во врска три месеци.

“Го познавам синот на Дон уште од претшколскиот период. Одевме заедно во градинка, основно и средно училиште. Матуриравме заедно, а бевме добри пријатели кога бевме млади”, рекла Стефани.

Таа и сопругот моментално не разговараат со неговиот син, но минатата година добиле заедничко дете, малиот Лачлан.

Минатата година се венчале и тврдат дека никогаш не биле посреќни.

“Многумина не разбираат дека разликата во години може да биде генијална. Сите мислат дека станува збор за нешто друго. Ме прашуваат како воопшто можам да го сакам. Сакаш некого затоа што го сакаш”, вели младата мајка.

Двајцата се запознале пред четири години кога Стефани почнала да работи во омиленото кафуле на Дон, па веднаш “кликнале”. Сексуалниот живот, тврдат, им е најдобар дел од врската.

“Се**от дефинитивно беше голем дел од мојата перспектива. Секогаш се чувствував помладо, не ги доживував своите години. Секогаш сакав да излегувам и да се дружам со помлади. Сега кога имаме дете, работите малку се променија, но претходно секогаш имавме односи”, се пофалил Дон, а Стефани додала дека тоа го правеле и неколку пати дневно.

“Дон едноставно знае што прави”, го пофалила таа својот сопруг.