Со неколку капки зејтин до најубавите велигденски јајца: Советот е лесен, послушајте го (ВИДЕО)

|

Ако претходните години се плашевте да експериментирате со велигденските фарби за јајца, оваа година дефинитивно ќе посакате да пробате нова техника. А, вклучува само неколку капки зејтин.

На прв поглед шарите на овие јајца делуваат комплицирано, но за да го постигнете ефектот, ви треба само обична фарба за јајца и лажичка-две било какво масло.

Маслото не се меша со водата, па така лесно ќе се направат „дамките.“

По желба, откако бојата ќе се исуши може да нанесете сјаен финиш со стапче за уши.

Трикот и постапката се детално објаснети во видеото:

Ако одлучивте оваа година да ги боите јајцата со природни бои, еве уште еден предлог, овојпат за виолетова боја.

Верувале или не, за овој ефект ви е потребно само најобично црно вино. За 20 јајца потребни ви се 2 литра вино. Јајцата прво меко сварете ги. Потоа истурете ја водата од тенџерето и налејте го виното.

Ставете да се варат заедно со виното 30 минути. Тргнете ги од шпоретот и оставете да се оладат. Во текот на варењето не ги мешајте јајцата, за да не направите гребаници.

Ќе добиете јајца со убава виолетова боја и кристали нафатени на лушпата. Ако не сакате кристалите да останат, премачјакте ги јајцата со салфета натопена во масло.