Овој холивудски актер навистина е заљубен во вежбањето.
Еден од најплатените актери, Двејн Џонсон, секој слободен момент го минува вежбајќи, па во теретана го прославил и својот 47-ми роденден. Неодамна открил дека од мал е заљубен во фитнесот, а со фотографијата од времето кога имал 15 години, потврдил дека дури и тогаш бил во форма.
Кога станува збор за вежбање и здрав живот, во текот на годините усвоил многу трикови кои сега ги споделува со фановите. Открил вежба благодарение на која има опсег на бицепс поголем од 50 центиметри, но и која песна најмногу го мотивира за време на вежбањето.
Многумина шокирал кога признал дека во текот на денот пие 15 литри вода, а вистинско изненадување било и кога покажал како изгледа неговата приватна теретана која ја направил во својот дом во Вирџинија.
Дека неговите тренинзи се многу тешки се уверил и комичарот Џек Витехал, кој од напор ги “намокрил гаќите”.
Иако сите знаат дека “The Rock” може да се пофали со неверојатно развиено тело, една од неговите последни фотографии на Инстаграм предизвикала вистински хаос меѓу фановите. Имено, многумина не можат да веруваат дека неговите нозе се толку мускулести.
“Кој ти е партнер за клекнувања? Тор?”, го прашал еден фан и со својот коментар насмеал многумина.
“Нозете ти се големи речиси како моите”, се пошегувал и Ник Сантонастасо, бодибилдер и модел кој е познат токму по тоа што не ги вежба нозете.