Со овој трик дамките од вашата облека ќе исчезнат за секунда

ИЗВОРnovlist.mk
|

Во продолжение прочитајте како со помош на само една состојка да ги отстраните сите дамки од вашата бела облека, а истовремено и да ја исчистите вашата машина за перење.
Веројатно ви се случило да купите бела облека и само по неколку перења таа да ја промени бојата и да добие сива или жолтеникава нијанса.

Сигурно тогаш сте се фатиле за глава и сте посегнале кон разни хемикалии за да ги избелите алиштата. Немојте да се вознемирувате, нашите баби знаат еден трик со оцет кој навистина прави чуда.Оваа состојка им ја враќа белината и ги омекнува алиштата
Алкохолниот оцет е одличен природен избелувач што целосно ќе ја обели пожолтената или посивена постелнина и таа ќе биде како кога се ја купиле.

Ставете малку оцет во мерилката за детергент, ставете ја заедно со алиштата и вклучете ја машината на програма на која што нормално ја перете облеката.

Оцетот, исто така, ќе ги отстрани и видливите дамки од пот или дезодоранс на вашите омилени маици.

Доколку сакате да се справите со тврдокорните дамки, натопете ја облеката во врела вода и додадете половина шолја оцет.
Оставете ја облеката неколку часа добро да се накисне, а потоа исперете ја во машината.

Покрај отстранувањето на дамките и враќањето на белината на облеката, алкохолниот оцет совршено ќе ги омекне алиштата без да употребувате штетни хемикалии што се содржат во омекнувачите.

Ставете оцет во делот од машината каде што ставате омекнувач и не грижете се за непријатниот мирис , тој ќе исчезне за време на перењето.

Го намалува талогот од детергент и ја чисти машината за перење
Ако често забележувате траги од детергент на темната облека, алкохолниот оцет ќе го реши и тој проблем.

Наполнете го делот за течен детергент до половина со оцет, ставете ги алиштата и вклучете ја машината. На овој начин може да ја исперете и темната и шарената облека.

Оцетот ќе го намали таложењето на детергент врз облеката и таа по перењето ќе биде целосно без дамки.
Покрај тоа, оцетот е ефикасно средство за чистење на машината за перење и тоа за отстранување бигор, непријатни мириси и мувла.
Наполнете ја мерилката со оцет и ставете ја во празната машина за перење, додавајќи малку сода бикарбона во делот за детергент. Вклучете ја машината на програмата за перење со највисока температура и тоа со сите програми по ред.

Повторувајте ја постапката еднаш месечно затоа што машината треба да биде чиста за и облеката која ја перете во неа да биде чиста.