Лила Филиповска деновиве ужива на одмор во популарното турско летувалиште Кемер во друштво на својот близок пријател и асистент – водителот на утринските вести на ТВ Сител Спасе Јовановски.
Покрај видеоснимките и фотографиите на кои ја гледаме како ужива на плажите и во благодатите на луксузното сместување, многубројните следбеници на нејзиниот инстаграм-профил уште еднаш имаа шанса да се насмеат на една интересна случка во која се најде нашата Лила. Таа на социјалните мрежи постави видеоснимка на која се гледа како нејзиниот најдобар пријател на шега ја плаши и таа завршува во базенот до кој стоеше, сосе облеката и шминката.
Ова не и се допадна многу на водителката па под казна го остави Спасе да седи во базенот во една од гумите на неколку часа додека таа ужива во водата со сладок појадок.
Видеото погледнете го ТУКА.
Инаку и пред неколку дена таа се најде во слична ситуација кога нејзиниот асистент ја преплаши додека се шминкаше пред огледало, а по неколку дена и познатиот моден критичар Сергеј Варошлија се прикраде и успеја да ја „касне“ за задникот додека уживаше покрај плажата.
Иако, ваквите шеги не и се допаѓаат на Лила, таа изгледа дека одлично се снаоѓа со нив, а на нејзините пријатели веројатно им изгледа многу интересно, па не престануваат да ја „изненадуваат“.