Од тоа каква боја на палто ќе облече, зависи пораката која сака да ја испрати, велат за германската канцеларка Ангела Меркел, која имаше важна средба со премиерот Зоран Заев и претставници од владата во четвртокот во Берлин.
За стилот на Меркел може да се рече дека е едноставен и практичен. Таа често носи пантолони, рамни чевли, ненаметлив накит и дискретно се шминка. Единствено парче од облеката по кое е впечатлива е палтото, кое е секогаш во различна боја.
Кога сака да прати порака на мирот, Меркел облекува палто во бела или во во крем боја. Со зелената, сака да покаже рамнотежа, оптимизам и смиреност. Палто со виолетова боја е за помалку формални состаноци, кои не бараат тешки теми за разговор. Весели бои како виолетовата, но и црвената, жолтата, канцеларката често носи во нејзината матична земја, Германија.
За германската канцеларка Ангела Меркел стилот е важен а преку него таа праќа разни пораки.
Светските модни критичари кои го следат стилот на германската канцеларка Ангела Меркел, велат дека од тоа каква боја на палто ќе облече, зависи пораката која сака да ја испрати, а што сакаше да демонстрира канцеларката на средбата со Заев во Берлин?
За стилот на Меркел може да се рече дека е едноставен и практичен. Таа често носи пантолони, рамни чевли, ненаметлив накит и дискретно се шминка. Единствено парче од облеката по кое е впечатлива е палтото.
За средбата со Заев, Меркел избра сино впечатливо сако а кога носи палто во впечатлива боја тоа значи дека има нешто важно да порача.
Судејќи по нејзиниот избор на боја за време на средбата со Заев, пораката што ја упати Меркел имала големо значење.
Сините палта на Меркел се резервирани за сериозност, а оттука и пораката од Бундестагот кој порача дека одлука за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата ќе донесе во септември.
Меркел на средбата со македонските претставници потенцирала дека Македонија го испорачала очекуваното на кое Берлин гледал позитивно .