Со вода или не: Еве како правилно се чистат шампињоните

ИЗВОРНов Лист
|

Шампињоните се неизбежен дел на многу деликатеси во кујната. Вкусни се и здрави, па поради тоа треба што почесто да ги конзумираме.

Но, пред употреба, тие треба да се исчистат. Дали знаете како?

Шампињоните, како и другите печурки, имаат сунѓереста структура и не се мијат со вода. За чистење на печурките, доволно е да ги избришете со влажна крпа или кујнска хартија.

Ако на нив забележите промена на бојата, тогаш треба да ги излупите.

Без оглед на бојата и видот, за добро да ги исчистите, дефинитивно треба да го отстраните долниот дел од печурката.