Со звуците на македонските евергрини, со настап на The Swingers и Агни Авшар, Скопје Сити Мол ја заокружува јунската музичка програма – Late Matinee. И овој четврток, 30 јуни, со почеток од 19. 00 часот, летната тераса кај ДНК кулата пред Скопје Сити Мол ќе ги собере музичките сладокусци и ќе го збогати урбаното лето со звуците на македонските евергрини во современ музички израз на шестчлениот состав The Swingers и младата вокалистка и музичарка Агни Авшар.
Со овој настап, осми по ред во рамки на програмата Late Matinee, завршува јунската музичка програма на отворена сцена, подарок од Скопје Сити Мол за посетителите на трговскиот центар и граѓаните на Скопје. Имено, во текот на јуни оваа година, секој вторник и четврток на отворената летна сцена кај игралиштето пред трговскиот центар, Скопје Сити Мол го збогати културното урбано лето со осум сценски настапи на македонски музичари кои го негуваат и промовираат модерниот урбан џез и фанк звук.
Во годината кога го слави својот десетти роденден, Скопје Сити Мол, продолжува со организирање на настани и активности според желбите на своите посетители и граѓаните на Скопје, за да им овозможи покрај добриот шопинг, забава и дружење и севкупно доживување со богата урбана културна и рекреативна програма.