|
Во куќа на улица „Илинденска“ во Гостивар вчера било оставено само малолетно дете.
Според пријавеното, го оставила неговата 39-годишна мајка. Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, кои го пријавиле случајот, детето е пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Се расчистува и документира случајот.