Лука Јовиќ и Софија Милошевиќ вчера отпатуваа во Шпанија, додека во јавноста се зборува дека нивната врска е турбулентна и дека крајот тропа на врата.
Двајцата се забележани на аеродромот во Цирих во утринските часови како ги чекираат картите за лет во Мадрид. Наводно, морале да патуваат преку Швајцарија бидејќи од Белград нема директен лет за градот во Шпанија во кој живее фудбалерот од Реал.
„Делуваа вљубено. Софија беше облечена во крем капут, носеше капа на главата и беше без шминка. Во еден момент само седеа и гледаа во телефоните, а русокосата убавица постојано се обидуваше да го скрие ликот со капата бидејќи подочњаците на нејзиното лице беа видливи. Поради тоа што нема директен лет Белград-Мадрид, мораа да летаат преку Цирих , каде што чекаа да влезат во друг авион. Кога се упатија спрема авионот она го гушна лука“ – открива извор .
По ова можеме да заклучиме дека тие двајца успеале да го подобрат својот однос. Лука најверојатно одлучил да не стави крај на врската, иако пред само неколку дена изјави дека нема девојка и времето го поминува само со семејството, но и дека има коректен однос со неговата бивша девојка заради неговиот син кој го има со неа.
Манекенката Софија во јавноста беше осудена поради тоа што се ширеа гласини дека го растурила неговиот брак, но Лука никогаш ниту бил оженет. Како што еднаш изјави преубавата Софија, таа е едно големо дете кое во Лука исто така видело нешто невино и детско и затоа се вљубила во него. Без разлика на се, како што вели таа, најбитно е они двајца да ја знаат вистината и да уживаат во среќата.