Сончево и топло и утре, од понеделник пороен дожд и грмежи

|

Управата за хидрометеоролошки работи УХМР соопшти дека утре ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време, попладне со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури утре до 12 степени, а максималните до 26.

-В понеделник попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник, кога ќе преовладува облачно време, ќе бидат пообилни, најави УХМР.