Сончево со умерена облачност, попладне во делови услови за краткотраен дожд

|

Времето утре во најголем дел од земјава сончево со умерена облачност.

Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Од утре ќе продолжи стабилно време со студени утра, а релативно топло преку денот.