Аца Лукас има нова девојка, а фотографиите од вљубениот пар со брзина на светлината се раширија во регионот.
Поранешната сопруга на Лукас нема ништо против врската на нејзиниот се уште законски сопруг и младата русокоса Јована, напротив, нејзе ѝ се чини оваа врска како добра можност Лукас конечно да ги потпише документите за развод.
Од вас дознавам дека Аца има нова девојка, но навистина не ја познавам. Не ме интересира со кого се забавува, мене ми е симпатично сето тоа. Се надевам дека ќе успее да го убеди да ги потпише документите за развод. Мислам, навистина би било прекрасно тоа. Не сум чула дека ја споредуваат со мене, но и тоа ми е симпатично. Искрено, мене секоја девојка ми оди покрај него. Немам многу што да коментирам, рекла Соња за Информер.
Инаку, станува збор за неговата нова девојка по име Јована со која се појави на промоцијата на новиот спот на пејачката Маја Беровиќ.
Парот цело време се држеше за рака и изгледаше среќно пред многубројните луѓе, а особено привлекоа внимание откако започнаа да се бакнуваат.
Фановите на големо коментираат дека пејачот има вистинска убавица покрај себе која е згодна до болка.
Фолкерот го претставил својот нов дует „Проблем“, а таа цело време била покрај него, се смешкала и наздравувала со сите.