Соња Тарчуловска со емотивна роденденска честитка за најмладата ќерка

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк пејачката Соња Тарчуловска е позната како грижлива и совесна мајка која слободното време ужива да го поминува со своите деца, а роденденските честитки секогаш се проткајани со прекрасни и емотивни зборови кои допираат до срцето.

Јоана, најмладата ќерка на Соња и на Јохан Тарчуловски, пред само неколку дена прослави роденден, а пејачката со емотивна посвета ѝ го честиташе роденденот на прекрасната ќерка.

Мелани пак, е најстарата ќерка на Соња и на Јохан и таа во февруари наполни 14 години. Гордата мајка и тогаш со емотивна посвета ѝ го честиташе роденденот на другата ќерка.

„Во животот, сретнав многу уникатни личности. Но, тебе не те сретнав, тебе те родив ќерко. Мелани, среќен 14. роденден. Ние сме горди на тебе, Мелани. Секогаш да знаеш, позади тебе стои широка насмевка, раширенираце и рамо за утеха“, напиша тогаш Соња на својот Фејсбук профил.

Покрај Мелани и Јоана, брачниот пар Јохан и Соња го имаат и синот Младен кој сега има 12 години.