СОНК оди на штрајк од 11-ти април

|

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков ексклузивно за Сител изјави дека советот на СОНК донел одлука за стапување во штрајк.

– Штрајкот ќе започне на 11 април, а до кога ќе трае ќе зависи од преговорите со надлежните министерства и со владините претставници, или ќе трае дотогаш додека не се договориме, рече Неделков.

СОНК бара усогласување на платите во образованието со миниманата плата, која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.