Останаа уште малку денови до конечната одлука на СОНК, дали штрајкот во мирување ќе го прекинат или повторно ќе го активираат. Во текот на утрешниот ден Синдикатот ќе оствари две одвоени средби со МОН и со МТСП, по состаноците минатата седмица, кои завршија без договор, но со приближување на ставовите.
ОД МОН ОЧЕКУВАМЕ ДОБРА ПОНУДА НА ПРОЦЕНТУАЛНА БРОЈКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, УТВРДУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ И ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИТЕ ЗА 2023 И 2024 ГОДИНА, ИЗЈАВИ ЈАКИМ НЕДЕЛКОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОНК.
Со претставниците од Министерството за труд и социјална политика. На маса ќе бидат предолозите од Синдикатот за решавање на проблемот со платите за април, кои поради штрајкот , согласно ЗРО и Колективниот договор вработените во градинките ќе ги добијат скратени , со придонеси, но без платени дневници, кажа министерката за труд и социјална политика.
СОГЛАСНО ПОСТОЕЧКИОТ ЗАКОН И СОГЛАСНО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ МЕЃУ МТСП И ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД СОНК, ПЛАТАТА ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ ЌЕ БИДЕ ИСПЛАТЕНА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ, ШТО ЗНАЧИ ЌЕ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ САМО ПРИДОНЕСИТЕ. НО, ЌЕ БАРАМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ДА СО МАЈСКАТА ИЛИ ЈУНСКАТА ПЛАТА ИМ БИДАТ НАДОМЕСТЕНИ ДЕНОВИТЕ ВО КОИ ШТО ИМАШЕ ШТРАЈК ЗА ОНИЕ ВОСПИТУВАЧИ И НЕГУВАТЕЛИ, СЕКАКО И ДЕЛ ОД ПОМОШНИОТ КАДАР КОЈ БЕШЕ ВО ШТРАЈК, ДА ИМ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ ПЛАТИТЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ТУРД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА.
На состанокот со МТСП ќе се разговара и за формирањето работна група за изготвување нов колективен договор за вработените во градинките.
Во среда завршуваат вторите десет дена од постапката за помирување меѓу СОНК И МОН, со посретство на медијатор, согласно Законот за мирно решавање на работни спорови. Потоа синдикатот го очекува записникот од помирувачот, по што ќе следи текст на спогодбата за помирување меѓу двете страни. А, за новите предлози од владата ќе расправа Советот на Синдикатот. Тајмингот за неговата одлука може да ги надмине законски доделените денови за помирување, а до нејзиното донесување штрајкот во воспитно – образовната дејност останува во мирување, вели претседателот на СОНК.
СОНК штрајкуваше безмалку три седмици во април поради неисполнување на барањата од страна на владата, меѓу кои е и порастот на платите од 18, 4%, согласно зголемената минимална.
Сотир Трајков