СОНК предлага првите две недели да има онлајн настава

|

Министерството за образование и Владата треба да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие за учениците, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епиде*иолошката состојба во земјата, апелираат од СОНК.

Според претседателот Јаким Неделков, сите се свесни дека омикрон-сојот побрзо и полесно се шири, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај заразата, може да има и ширење на грип, настинки и друго. Предлагаат првите две недели да се одвиваат онлајн, со оглед на тоа што за неа се веќе обучени наставниците. Иако потежок, овој начин е побезбеден велат од СОНК.

Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од заразата. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.