Просветните работници и воспитувачите ќе протестираат се додека не се прифати нивното барање за зголемување за платите. Претседателот на СОНК Јаким Неделков се пожали дека во одредени општини имало притисоци и закани кон вработените со цел да се прекине штарјкот . Најавени се и кривични пријави.
ГОЛЕМ Е БРОЈОТ НА ТИЕ ШТО НЕ ШТРАЈКУВААТ ВО ГРАДИНКИТЕ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ВО КАРПОШ И „КОЧО РАЦИН“ ВО ЦЕНТАР, ВО ГРАДИНКИТЕ ВО ВАЛАНДОВО, ВО ГЕВГЕЛИЈА ПОЛОВИНА НЕ СЕ ВО ШТРАЈК, КАКО И ВО НЕКОИ ДРУГИ ОПШТИНИ КАДЕ ШТО ИМА ПОМАЛ БРОЈ ШТРАЈКУВАЧИ КОИ МОРАЛЕ ДА БИДАТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ИАКО СЕ ВО ШТРАЈК. ВО НАЈМАЛА РАКА, ТРЕБА ДА ДОГОВОРАТ СО ДИРЕКТОРИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА СЕ ШТРАЈКУВА ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО БИЛЕ И СМЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА. ИНСИСТИРАЊЕТО ДА СЕ ШТРАЈКУВА ОСУМ ЧАСА Е НЕПРОДУКТИВНО И СЕ ПРАВАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ ВО УСТАНОВАТА. ДОПОЛНИТЕЛНО, ЗА КОЛЕГИТЕ КОИ СЕ ВО РАМАЗАНСКИ ПОСТИ Е И НЕХУМАНО ОД ВТОРАТА СМЕНА ДА СЕ ВРАЌААТ ДУРИ ВО 7 ИЛИ ВО 8 ЧАСОТ КОГА Е ПОЧНАТА ВЕЧЕРАТА. СЀ ОВА ОДИ ВО ПРАВЕЦ НА РЕВАНШИЗАМ, ВРШЕЊЕ ПРИТИСОК И УЦЕНИ ВРЗ ОНИЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ ДА ПРЕКИНАТ СО ШТРАЈКОТ. НО, КОЛЕГИТЕ СО ТОА СИГУРНО НЕМА ДА СЕ ПОКОЛЕБААТ. НАПРОТИВ, МОТИВОТ ДА ИСТРААТ И ДА БИДАТ ВО ШТРАЈК Е УШТЕ ПОГОЛЕМ И ОД ТАА ПРИЧИНА МОРА ДА СЕ НАЈДЕ ЗАЕДНИЧКО РЕШЕНИЕ И ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК СО ШТРАЈКУВАЧКИОТ ОДБОР, РЕЧЕ НЕДЕЛКОВ.
Министерот за образование Јетон Шакири вели дека легитмно е правото на секој да штрајкува и протестира но мора да има социјален дијалог и преговори.
ЌЕ ПОВИКАМ ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОК ДА НАЈДЕМЕ ЗАЕДНИЧКИ ДОГОВОР НА ОВИЕ ПРОБЛЕМИ И НАСТАВАТА ДА ПРОДОЛЖИ. МИСЛАМ ДЕКА ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАТА ЌЕ ИМАМЕ СОСТАНОЦИ И САКАМ РАЗБИРАЊЕ ЗАТОА ШТО ШТРАЈКОТ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПОСЛЕДЕН ЧЕКОР, РЕЧЕ ШАЌИРИ
Од министертсвото уверуваат дека децата ќе бидат згрижени во градинките и во текот на утрешниот ден.
Јулијана Пешевска