Сообраќајка ноќеска на бул. АСНОМ меѓу автобус на ЈСП и автомобил

|

На бул. АСНОМ во Скопје ноќеска пред полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП Скопје и патнички автомобил.

Информации за состојбата на учесниците во несреќата се очекува да соопштат Министерството за внатрешни работи и Брзата помош чии екипи биле присутни на местото на несреќата.

Според очевидци, во автобусот на ЈСП немало патници.