|
Сообраќајна несреќа помеѓу две возила околу 13 часот се случи во Кисела Вода.
Од МВР велат дека во несреќата, според пријавата учествувале автомобил „Пежо“ со германски национални ознаки и автомобил „Фиат“ со скопски регистерски таблички, пишува Курир.
Според првичните информации причинета е само материјална штета, но повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек.