|
На 06.08.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(56) од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(50) од Охрид.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“, Ј.Р.(75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и уште двајца негови сопатници, Г.Р.(45) и малолетник, двајцата од Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.