ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека на ден 16.05.2023г.(вторник) и ден 17.05.2023г.(среда) поради изведба на градежни активности за асфалтирање на пешачките патеки на улицата Даме Груев во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија, во периодот од 8ч. наутро до 15ч попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една коловозна лента на 16.05.2023г., а потоа на 17.05.2023г. ќе биде затворена и другата коловозна лента во спротивната насока.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот до завршување на градежините активности да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.