Сообраќајка во Ѓорче: Од силината на ударот отворени се воздушните перничиња

|

Сообраќајна несреќа се случи во Ѓорче Петров, на стотина метри пред старата општинска зграда. Судирот помеѓу двата автомобили се случи на среде раскрсница.

Од двата автомобили, отворени се воздушните перничиња, што значи дека имало силен удар. Има и материјална штета на двата автомобили.

Засега нема информации за состојбата на патниците. На местото, се чека екипи на МВР да извршат увид.

Избор/Фото: Скопје1