|
На 16.09.2023 во Полициска станица Центар Д.М.(47) од Скопје пријавил дека во 18.20 часот на раскрсницата на подрачје на Центар по претходно недоразбирање во сообраќајот две лица му упатувале закани и се обиделе физички да го нападнат него и неговиот син, при што му го оштетиле неговото патничко моторно возило „рено сеник“ со скопски регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.