Поголемиот дел од Европските метрополи традиционално и обаа година изработија прекрасни празнични базари, со цел да се долови магијата и позитивната енергија која ја носат новогодишните и божиќните празници. Германија, Франција, Полска, Чешка, па дури и во Хрватска традиционално се организираат најубавите базари, кои многумина Македонци одат да ги посетат барем ден два, и да уживаат во храната, пијалоците и многубројните новогодишни украси кои можат да се купат.
Сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра деновиве се на едно такво патување токму во Германија.
Александра Заева на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои се гледа дека со својата мајка семејно уживаат во празничната магија на прекрасниот Франкфурт.
Александра е позната по добриот стил на облекување кој постојано го негува дури и во кежуал варијанта па така ниту овој пат не направи исклучок и изгледа навистина светски. Жолто-кафената боја е ин оваа сезона, а Александра покажа дека навистина знае како да ја носи и комбинира со сив капут и чанта.
Инаку таа е постарата ќерка на премиерот Зоран, кој од бракот со својата сопруга Зорица го имаат синот Душко. Тие годинава прославија 23 годишнина од бракот, а велат дека се знаат уште од многу мали, иако врската ја започнале во средношколските години.
„Нашата љубов прерасна во врска во средно училиште, а се знаеме од многу порано. Се венчавме во 1995 година“, изјави неодамна Зорица Заева.
Автор: Н.Ј.