Сопругата на Оливер Драгоевиќ уште не може да го прифати неговото заминување: „Не можам да гледам видеа каде што збоорува, плачам и тагувам!“

ИЗВОРСкопје24
|

Вдовицата на музичкиот великан Оливер Драгојевиќ била поканета на премиерата на документарниот филм „ОЛИВЕРовите 70“, кој премиерно бил прикажан на затворањето на Пулскиот филмски фестивал, но таа немала сила да присуствува.

За Слободна Далмација вели дека се уште и е тешко кога ќе се сети на сопругот со кој поминала речиси 50 години во брак и имаат три сина.

„Видов претходно неколку секунди од филмот и се откажав. Едноставно не можев. Можам да ги гледам неговите фотографии, стари спотови, се останато, но кога тој говори нешто приватно, нема шанси, не можам. Не знам кога ќе го погледнам филмот. Го имаме дома, но никој не го гледал. Се работи за последниот концерт, тој веќе беше болен, што никој од нас не знаеше. Како да знаел што ќе му се случи, како да чувствувал нешто, но ништо не ни кажуваше“, изјавилз вдовицата на Оливер, Весна.

Инаку денеска се навршува една година од неговото заминување, па за таа прилика ќе биде одржан концерт во негова чест „Trag u beskraju“ во неговото место на Корчула, каде е и погребан.

Весна вели дека на општината, која е организатор, им дала одврзани раце. Додава дека семејството ќе присуствува на концертот, но не знае како ќе собере сили.

„Сите сме веќе тука, ќе присуствуваме. Иако јас се би прескокнала. Лошо ми е, сѐ ме потсетува на него. Би сакала тој ден да сум во некоја глувчешка дупка. Но не можам да побегнам, луѓето го доживуваат за свој, а нивен беше колку што беше и наш. Не знам како ќе издржам, ќе се видам и со некои луѓе со кои се немам видено со години. Сепак, драго ми е што концерот ќе биде традиција и ќе заживее и следните години“, заклучува Весна.