Македонското девојче Каролина Гочева во септември 2016 го кажа судбоносното „да“ на веќе нејзиниот сопруг Михаил Корубин и заплива во брачните води.
Каролина не сака многу да зборува за својот приватен живот, па кога станува за тоа е резервирана пред камерите.
Меѓутоа, нејзиниот сопруг Михаил кој по професија е уметник за „машки магазин“ проговори за бракот со македонското девојче.
На прашањето како функционираат со Каролина со оглед на тоа дека и двајцата се уметници, Михаил вели:
„Ја делиме уметноста заедно, нема слика која и ја немам покажано пред да ја завршам. Каролина има одлично око и често ќе се фати за некоја работа која воопшто не ја гледам, го знам нејзиниот израз на лицето и не може да ме излаже ако не и се допадне, а и “вајс верса” ја слушам секоја нејзина песна пред да излезе. Таа е филмоман како мене и бев изненаден какви филмови можеме заедно да гледаме, така што скоро се гледаме заедно“ вели сопругот на пејачката.
Каролина и нејзиниот сопруг често патуваат, па го користитат секој момент да посетат некоја дестинација.
– Обожаваме да шетаме кога можеме, претежно сакаме мали места во кои за брзо време се чуствуваш како дома затоа и често ги повторуваме локациите. Се надевам дека ќе имаме уште многу моменти во животот каде што поради моја или нејзина обврска ќе шетаме низ светот, тие патувања ни се особено драги“ вели Михаил за „машки магазин“
Кога пак станува збор за бракот и тоа колку се промениле работите откако официјално ставија потпис, Михаил вели:
„Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот. После толку време заедно мислам дека си ги знаеме сите ”цаки”, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи еден од друг“, вели Корубин за „машки магазин“.
За потсетување, свадбата на Каролина и Михаил се случи во Скопје, но пејачката не сакаше да објавува многу фотографии на социјалните мрежи.
Извор: vistina.mk