Сораја го пресече вереничкиот скапоцен прстен на два дела

ИЗВОРnovlist.mk
|

Сораја Вучелиќ наводно била верена за богат Русин, а сега покажа на каков начин стави крај на веридбата.


Старлетата долго време криеше од јавноста дека е верена, а нејзината пријателка Ана Кораќ објави фотографија од момчето на Сораја и со тоа потврди дека таа  имала свој избраник, а јавноста долго време зборувала за фактот дека тој е оженет.


Работите очигледно тргнале на лошо, па Сораја објави видео како го пресекува прстенот на два дела на својот инстаграм профил.

Иако последниве неколку недели се зборуваше дека Русинот и овозможил незаборавна, раскошна роденденска забава на старлетата, каде што само менито чинело 10.000 евра тоа не му било доволно да ја задржи Сораја.

На оваа тема таа никкогаш ништо конкретно не изјавила, но на шпекулациите дека повторно ги зголемила своите гради, старлетата  одговори дека тоа не е вистина. Сметала дека слабите девојки се попривлечни, а сега го променила ставот и смета дека облините се во мода, па затоа си дозволила да накачи некое кило.

Сораја потврди дека е вљубена, па можеби и нејзиниот став се променил, бидејќи богатиот Русин повеќе сака облини