Сос од милион долари: Ова е моментално најпопуларниот сос на светот, а истиот се приготвува од 5 состојки и за 5 минути

|

Дали сте слушнале за популарниот “Million Dollar Dip”, односно сос од милион долари? Станува збор за многу популарен прилог во Америка, а таму го користат како прилог со чипс, крекери, тортиљи… Името го добил бидејќи има многу богат и неодолив вкус, иако се припрема од само 5 состојки.

Овој сос е осмислен од страна на американската готвачка Хелен Корбит, а најголемата предност на специјалитетот е што се припрема брзо и лесно и никогаш нема да погрешите со него.

Со помфрит, рестован компир, скара, крекери – овој сос може да се применува на многу начини, а ние ви го претставуваме рецептот за истиот:

Потребни состојки:

– 6-8 парчиња сланина

– 300 гр. мајонез

– 220 гр. изрендан чедар кашкавал

– 100 гр. бадеми

– 50 гр. млад кромид

Начин на припрема:

1. Во тава, кратко пропржете ги бадемите и оставете ги да се изладат пред да ги ставите во сосот.

2. Пропржете ги тенките парчиња сланина додека не станат крцкави, а потоа ставете ги на салфети за да ја впијат маснотијата. Кога ќе се изладат, исецкајте ги на што е можно поситни парчиња.

3. Изрендајте го чедарот и помешајте го со мајонезот и исецканата сланина. Додадете ги и бадемите кои претходно ситно ќе ги исецкате на мали парчиња.

4. Во сосот додадете и ситно исецкан млад кромид и оставете да отстои неколку часа во фрижидер пред да го послужите.

Пријатно јадење!