Соселаните откриваат каков бил Урош: Секогаш правел проблеми, а татко му средил за да не оди во затвор

|

Мештаните на Дубона, Србија, од каде што потекнува Урош Б.(20), кој минатата недела уби осум, а рани 13 лица, по апсењето на неговиот татко Радиша Б., велат дека и неговата мајка треба да се најде зад решетки, ако за ништо друго тогаш за тоа како го воспитала синот.

Сите ќе потпишат петиција за дотичната фамилија засекогаш да се исели од селото.

Гневни, огорчени и ожалостени, селаните ден по апсењето на таткото на убиецот, кај кого е пронајден цел арсенал оружје, велат дека тоа требало да се случи порано.

Веднаш кога се дозна дека нивниот син испоуби невини деца, требало да бидат уапсени и таткото и мајката. Кога нивниот син убил деца на почетокот на нивниот живот, освен него, виновни се и родителите. Да не зборуваме за тоа дека нивниот син од порано беше познат како проблематичен млад човек кој убиваше животни, возеше трактор со ненормална брзина како дете, а подоцна и мотор во центарот на селото, ама тие секогаш имаа изговор за сè, велат потресените луѓе за порталот Нова.рс.
Еден од познаниците на семејството наведува дека своевремено малолетниот Урош Б. бил крајно арогантен, а пред две години намерно со мотор удрил полицаец кој се обидел да го запре во Младеновац.

Знаете кој му среди да не оди во затвор? Тато. Тој правеше што сакаше, а тато сè средуваше. И на училиште правел проблеми, па кога ќе му се заканеа дека ќе ѝ се јават на мајка му, тој со потсмев им велеше: „Ќе дојде стариот мој и сè ќе ви објасни, раскажува соговорникот.

Осомничениот Урош Б, според жителите на Дубона, често учествувал во тепачки.

Претепал и постар 70-годишен локален жител бидејќи се мислеше непобедлив. Така е воспитан. Истиот став го имаат и неговите родители. Па, на 10 години врзуваше кучиња и ги убиваше со пиштол. Тогаш сите знаеја за тоа, а никој не реагираше, тоа не беше детска игра, се гледаше дека не е нормален. Татко му зборуваше за тоа низ насмевка, раскажуваше и се гордееше со глупоста на синот, вели жител на Дубона.