Фимка Гогова-Михајлова е родена на 23 февруари 1942 година во Струмица, од каде што е и славната пророчица Баба Ванѓа. Пријателството со неа започнува уште во текот на 60-тите години на минатиот век и продолжува сѐ до заминувањето на Ванѓа во 1996 година.
Јас сум родена двор до двор до куќата на тетка Ванѓа. Двете со мајка ми беа една генерација, врснички. Како дете многу сум слушала за неа од мајка ми. За прв пат ја видов во 1962 година.
Во 1970 година дојдов во Петрич, кога замина мажот ѝ Димитар. Бевме многу блиски, взаемно си ги раскажувавме соништата, си ги изговаравме мислите на глас. Последен пат се видовме во мај 1996 година, пред да не напушти. Дојдов на Рупите со баница, затоа што таа така ми беше порачала.
Тетка Ванѓа беше вегетаријанка, сакаше посни манџи – полнети пиперки, сарми. Сакаше слатко, смокви, јагоди, разни плодови“, раскажува Гогова-Михајлова. Таа тврди дека продолжува да општи со неа и откако баба Ванѓа си заминала од овој свет.
Фимка Гогова-Михајлова ја издава својата прва книга за Ванѓа „Ванѓа и јас“ во 2014 година, со којашто постигнува голем успех во Македонија. На 11 август во домот на културата во Струмица беше промоцијата на нејзината нова книга „Сведоштва за Ванѓа“, точно 20 години од заминувањето на пророчицата.
Дваесет години ја сонувам. Соништата ги опишав во книгата „Роднини и судбини“. Водиме разговори со неа. Таа ми вели: `Тоа не се, Фимке, соништа, тоа се визии`. Сѐ што ми кажала на сон, тоа се случило.“