Сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров – објавен е целиот наод

|

Управата на Зоолошката градина во СКопје на својот Фејсбук профил го објави официјалното известување од наодот, во кој, поради несовесни угинаа ретки видови коњи.

-Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров.

Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.

Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот, информираат од Зоолошка.