Совет од еден татко кој ќе ве трогне: „Ќерко, најди некој кој би го дал и срцето за тебе!“

ИЗВОРСкопје24
|

Откако се омажив, еден ден татко ми ме најде како плачам. Тој виде дека се претворив во личност каква тој никогаш не претпоставуваше дека би можела да станам. Не можеше да поверува дека сега не сум само неговата мала ќеркичка, дека сега до мене има еден себичен човек кој е заслужен за мојата лоша состојба. Човек кој не знае да сака и да почитува. Секоја моја солза го бодеше право во срце.

Искрено ми кажа:
„Те пораснав, те одгледав како мала капка на дланка, те чував како бисер. За што? За сега друг да се кити со твојата добрина, а твојата душа да се полни со тага. За да плачеш за некого? За некој што не знае колку навистина вредиш?

Кој и да е, не можам да дозволам да те гледам несреќна покрај него. Ќе продолжиш со животот и ќе имаш секојдневие какво што имаше додека беше само моја. Ти вредиш премногу, а тој не те забележува!

Ти ѕвони, ти обрнува внимание само кога на него ќе му биде здодевно и кога ќе ги нема другарите. Кога те погледнал во лице и ти кажал дека те сака? Кога те галел нежно по косата и те бакнал во чело? Кога те изненадил со нешто? Дали си почуствувала љубов од него, ќерко? Го прави ли тоа што го правев јас за тебе? Ти купил ли некогаш подарок за роденден? Ти признал ли некогаш колку вредиш?

Не, не ќерко! Знам дека цел живот за тоа мечтаеш, но не го добиваш. Во што се заљуби? Во човек? Тој е човек? Тој е само еден обичен себичен „човек“! На што си го трошиш времето и љубовта? Јас мојата ја потрошив на тебе, но те сакав и чував. И ти твојата подари ја некому, на некој кој достојно ќе ме замени мене.

Ќе дојде денот кога ќе ме покриваш со цвеќиња, сакајќи да ме вратиш… а, тогаш сети се дека има некој сличен на мене. Тој што ќе биде до тебе кога мене ќе ме нема. Во тој што ќе ја бараш последната надеж и утеха. Тој што би го дал и последниот здив за тебе!“.