Совети злато вредни: Како да заштедите на гориво

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку сакате да заштедите на гориво, еве неколку совети како тоа да го направите.

Не точете до врв

Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.

Добро затворете го резервоарот

Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.

Паркирајте во гаража

Гаражата го одржува автомобилот топол на зима, ладен на лето. На тој начин нема да трошите на греење на автомобилот за да се растопи мразот од него, ниту ќе морате да ја вклучувате климата секогаш кога ќе седнете во автомобил.

Напумпајте ги гумите

Избалансирајте ги гумите. Неизбалансираните гуми, кои имаат нееднаков, слаб притисок, брзо се трошат и пружаат поголем отпор, па моторот мора да работи посилно за да оддржи брзина. Гумите кои имаат слаб притисок може да ја зголемат потрочувачката на гориво за дури 15 отсто.

Одржувајте го моторот

Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.

Заменете ги воздушните филтри

Внимавајте на воздушните филтри на моторот. Уредни воздушни филтри може да заштедат и до 10 отсто гориво.

Користете квалитетно масло

Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.

Не штедете на одржување

Автомобилот ќе работи оптимално, ако го одржувате оптимално.