Советуваме: Најдоброто место за одмор со дете

ИЗВОРСкопје24
|

Грција е земја која нуди одличен избор за родителите и нивните деца.

Топлата клима, близината до Македонија, безбедното и чисто море и љубезноста на грците се главните предности поради кои луѓето со деца ја избираат Грција за летен одмор и со задоволство и се враќаат секоја година.

Ништо не е поздраво во текот на летото за детето како престој на море

Летување со децата во Грција е вистинската одлука, бидејќи секоја ваша желба може да се исполни. Додека другите луѓе не можат да се одлучат каде да го поминат одморот, оние кои имаат деца сакаат да им обезбедат на своите деца најдобро, најзабавно и најсигурно можно летување.

Луѓето со деца генерално избираат тивки места кои не се популарни со луди ноќни забави. Песочна плажа, плиток влез во вода, топло море, без бранови и медузи, природна сенка, урбанизирана плажа – тоа е важно за родителите.

Сместувањето мора да биде чисто и удобно за децата да можат да се адаптираат и да се чувствуваат како дома. Луѓето обично избираат места со супермаркети и аптеки.

Ако во сместувањето нема организирана забава за децата, од суштинско значење е барем во овој град, да постојат неколку игралишта, аниматори, аква парк, мини зоолошка градина. Грција е позната по своите вили поставени веднаш до плажите што во нивните дворови имаат игралишта и базени за деца.

Ако за првпат заминувате на годишен одмор со мали деца, ние ви ја препорачуваме Неа Потидеа, од повеќе причини.

Сите што некогаш тргнале на патување со мало дете знаат дека патувањето би требало да трае колку што е можно пократко, за детето да не се вознемири премногу, а вие да ги зачувате нервите… Поради тоа, но и од многу други причини, на сите оние коишто оваа година за првпат тргнуваат на годишен одмор со мало дете им ја препорачуваме Неа Потидеа.

Ова населено место е всушност првото на полуостровот Халкидики, на самиот влез од првиот крак, Касандра. Оддалеченоста од македонската граница е околу 150 километри, односно нешто помалку од 70 километри од Солун. Се работи за популарно летувалиште на Егејското Море, во кое нема апсолутно ништо да ви недсотига, а големи се шансите најголемиот дел од туристите кои ќе се најдат таму исто така да летуваат со мали деца…

Во Неа Потидеа има долга песочна плажа, со ситен песок и одлична чистота, нешто што е идеално за семејни одмори, особено кога се работи за мали деца.