Совршена вечера за Велика Сабота – Печена риба со зеленчук

ИЗВОРНов Лист
|

Здраво и вкусно, без разлика дали е пржена или печена, рибата е одлична идеја за празниците. Кога не сте расположени за пржење на рибата, тогаш ова е идеален начин за приготвување на истата.

Подготовка
-Најпрво исчистете ја рибата (излупете ја ако сакате) исечете ја на парчиња, посолете. Оставете ја целосно да се одмрзне. Потоа пригответе го зеленчукот, излупете го и исецкајте го на мали парчиња.

– Ставете ги во плех за печење, ставете им зачини и зејтин и убаво промешајте. Додадете ги и парчињата риба, налејте жешка вода и покријте со алуминиумска фолија. Печете на 250 степени пола час со фолија, потоа тргнете ја фолијата, намалете на 200 степени и допечете по ваш вкус…колку сакате да ви биде печена рибата.

На здравје!!!