Совршено за зимски денови – Најубавиот рецепт за луто кисела кинеска супа

ИЗВОРНов Лист
|

Оваа кинеска супа е прекрасен начин да се стоплите во овие ладни зимски денови полни со снег кои неодамна ни дојдоа. Не само што е лесна и не бара никаква подготовка, туку и брзо се спрема.

Потребни состојки:
2 моркови, 1 млад кромид, 6 шитаке печурки, 1 коцка за супа, кафена лажичка бел мелен бибер, 900 мл вода, 40-50 гр. брашно, 40 мл. соја сос, 60-80 мл. оризов оцет (може да се замени со јаболков), 2 јајца, сол по вкус.

Начин на подготовка:
Печурките исечете ги на тенки листови со оглед на тоа што шитаке печурките може да бидат „жилави“ доколку се премногу дебели, истото направете го и со морковите. Младиот кромид исечето го на тенки кругови. Во тенџере ставете ги печурките заедно со младиот кромид да се пржат 1-2 мин. Додадете 900 мл. вода, почекајте да зоврие и намалете на средна температура.

Ставете ја коцката за супа (препорачуваме говедска), и оставете да „крчка“ на тивок оган 5 мин. Додека супата „крчка“ , во посебен сад ставете 40 мл. соја сос и додадете 60-80 мл. оцет и една полна кафена лажичка бел мелен бибер. Одкако ќе поминат 5 мин додадете ги и морковите и претходно приготвената комбинација со соја сос, и повторно оставете на тивок оган 5 мин.

Додека супата повторно „крчка“, во посебен сад скршете 2 јајца и изматете. По петте минути зголемета ја температура и почекајте додека не почне супата да врие. Одкако ќе зоврие почнете со лажица да мешате во круг, но не многу агресивно, и полека со постојан прилив додадете ги јајцата. Целта на ова е во супата да се направат тенки нудли.

Последно што треба да направите е да ставите околу 40-50 гр. брашно зависно од тоа колку сакате да се згусне супата. Со цел да не се направат грутки во супата од брашно претходно можете да го растворите во малку вода. Почекајте малку да се олади супата и ставете ја во сад. Како декорација можете да ставите свеж млад кромид.

Единствено ви останува да ужувате во оваа кисело лута кинеска супа.