Спас за домаќинките: Најлесен начин да гo исчистите шпоретот, а потребни ви се само 3 работи

|

Сите знаеме колку е здодевно чистењето на закорените мрснотии на шпоретот и рерната, но доколку не ги отстраните на време, тогаш нивното чистење е речиси невозможно, а никој не сака валкан и масен шпорет.

Додека ја готвите храната, сосема нормално е маснотијата да прска на секате, па доколку не можете да го затворите со капак, тоа што ви останува е веднаш по готвењето темелно да го исчистите шпоретот. Доколку тоа не го направите веднаш, маслото од храната ќе се стврдне и ќе остане залепено на површината, но не се грижете постои начин како да се справите и со овој проблем.

За да имате идеално чист шпорет, ви требаат неколку работи кои дома сите ги имате: памучна крпа, стара четка за заби и алко*ол.

Ставете малку алк*хол на крпата, па поминете по шпоретот, околу ринглите и рерната и нека стои вака малку, а потоа истријте со четка за заби и повторно пребришете со крпа.

Тој ќе ја растопи маснотијата. Може да се повтори постапката неколку пати ако дамките и несчистотијата се многу закоравени.