Потребни ви се само три артикли и малку трпеливост…
Трик е да ги одржувате нозете суви и покрај постојаниот дожд. Направете сами водоотпорни чевли, наместо да фрлате многу пари на нови чизми. Потребно ви е хартија, восок и фен за коса.
Прв чекор: Исчистете ги чевлите
Ако чевлите не ви се нови, исчистете ги и проверете дали се суви пред да преминете на следниот чекор.
Втор чекор: Нанесете восок
Потребен ви е восок, било каков, да ги истриете чевлите. Бидете внимателни со восок да го истриете целиот чевел, не прескокнувајте ги ниту најмалечките делови од обувките.
Трет чекор: Исушете го восокот
Ставете ги чевлите на хартија, а потоа вклучете фен за коса и насочете ја топлината кон чевлите. Восокот полека ќе се стопи додека минувате со фенот.
Кога ќе завршите, оставете ги чевлите да се изладат и облечете ги чевлите и проверете дали восокот некаде пука во додека одите. Ако восочниот слој е доволно тенок, тоа не треба да се случи. Ако некаде пукне, повторно сушете со фенот, на тоа место, за малку да се стопи.
Одржување
После едно нанесување, чевлите би требало да бидат водоотпорни дури и неколку месеци. Во секој случај, веднаш штом забележите дека тие повторно почнале да пропуштаат вода, повторно нанесете од восокот со истиот метод.