Овој човек е пилот по професија, но љубовта ја пронашол во еден посебен вид на нуркање. Тој нурка од љубов кон морето и морскиот свет за да се ослободи од сите лоши работи кои завршиле во водата.
Нуркачот заедно со својот тим со кој ја дели страста кон водата и екологијата, во слободно време собира отпад од морското дно кој најчесто завршува во утробите на рибите и останатите животни.
Морските животни најчесто ја заменуваат пластиката и останатиот отпад со храна и така уми***т. Овој човек и неговите пријатели се грижат таквиот отпад да е во што помал број во морето и сите треба да им бидеме благодарни за тоа. Неодамна, за време на чистењето на морското дно на Флорида, тој ја доживеал најубавата, но и најтажната работа која некогаш му се случила.
Додека го собирал отпадот, забележал ајкула која пробувала да се помрдне, но не ѝ успевало. Нуркачот веднаш сфатил дека таа е заглавена во отпадот и ѝ помогнал да се ослободи. Вели дека тоа бил најчудесниот момент кој во истовреме многу го растажил.
Бил среќен и запрепастен што имал блиска средба со ајкула која му верувала и која не се обидела да го нападне, но бил тажен што истата работа им се случува на бројни животни на кои никој не успева да им помогне.
Погледнете како изгледала неговата средба со животното и начинот на кој овие прекрасни луѓе помагаат во зачувување на морските пространства.