По нес*еќата која и се случи на Македонија пред три дена, сите се прашуваат колку се безбедни автобусите со кои се возат секојдневно и дали врз нив се прават редовни технички прегледи, како и тоа дали се лиценцирани за таа дејност.
Поради тоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за „ТВ24“ истакна дека контролите што беа спроведени во Тетово не се започнати сега, туку се континуирани.
Според она што тој го откри само во ноември, односно од почетокот на месецот па до сега, на вонреден технички преглед биле испратени 358 возила, поточно комбиња и автобуси што превезуваат патници.
Тој појасни дека најмногу контроли има во СВР Тетово – 162, затоа што таму е и најзастапен ваквиот превоз.
„Во МВР одлучивме дека единствен начин за да се избегнат најлоши сценарија на патиштата, се зачестените контроли. Самиот факт за тоа што се прави во сообраќајот е што на стратешко ниво го поставивме прашањето за подобрување во сообраќајот. 70% повеќе имаме прекршочни санкции во однос на истиот период минатата година. На 5 октомври на возило Беса-Транс имаме извршено ваков технички преглед“, потенцираше Спасовски.