Спасовски предложи воведување на вонредна состојба на цела територија на државата

ИЗВОРНов лист
|

На денешната владина седница донесена е одлука да се предложи на целата територија на државата да се прогласи вонредна состојба, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција.

Како што рече тој, одлуката е донесена на денешната владина седница, по што предлогот ќе биде проследен до Собранието. Како како што рече Спасовски, иако тоа е распуштено, претседателот на Државата има Уставна можност да прогласи вонредна состојба во траење до 30 дена.

„Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки“, рече Спасовски. Вонредната состојба е воведена за првпат во историјата на нашата држава.

Спасовски порача дека воведувањето на вонредната состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат драстични рестриктивни мерки за движење на граѓаните, туку дека таквата мерка ѝ дава на владата услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција.